Етички кодекс за оценувањето на постигањата на учениците, директорот и стручните соработници во училиштата прифаќаат:
– да создаваат култура на правично и фер оценување во училиштето;
– да ги заштитуваат правата на приватност во оценувањето;
– да спречат евентуална злоупотреба на резултатите од оценувањето на учениците;
– да обезбедат правен процес на жалби во врска со оценувањето;
Наставниците прифаќаат:
– да бидат непристрасни, објективни, позитивни, отворени и подготвени да им дадат поддршка и помош на учениците во процесот на оценување;
– со своето однесување во процесот на оценување да промовираат високи морални вредности и да бидат пример за учениците;
– да ја избегнуват секоја ситуација што може да претставува конфликт на интереси непристрасно и непринципиелно однесување во процесот на оценување;
– да одбијат секаков вид интервенција или поткуп понуден со цел да дадат оценка поголема од заслужената;
– да се спротистават на неетичко однесување на други субјекти во оценување ученици, родители и колеги;
– во процесот на оценувањето да ја почитуваат личноста на ученикот и неговите родители;
– да водат грижа за приватноста на ученикот и сознанијата за неговото учење, да не ги споделуват со лица кои не се дел од процесот на наставата;
– да соработуваат со колегите со цел да се подобри оценувањето;
– при оценувањето да не прават дискриминација на учениците по било која основа
Родителите прифаќаат:
– да го подржуваат учењето на своите деца преку залагање за фер оценување;
– да се воздржат од активности кои неоправдано би ги довеле нивните деца до повластена положба во оценувањето во однос на другите деца;
– да ги почитуваат професионалните односи и совети на наставниците во врска со оценувањето на нивните деца;
– кај своите деца-ученици да почитуваат чесен и фер однос и со своето однесување во врска со оценувањето на постигањата на учениците да им бидат пример за тоа;
– кај своите деца да ги препознаваат и спречуваат евентуалните обиди со недозволени постапки да добијат поволна оценка од објективно утврдената;
Учениците прифаќаат:
– да се залагаат за праведно и фер оценување на сите ученици и да се спротиставуваат на појави кои доведуваат до необјективно оценување;
– да ги почитуваат барањата и договорените процедури во врска со оценувањето и да се информираат за последиците од нивното непочитување;
– да не поставуваат неприфатливи барања во врска со оценувањето на нивните постигања;
– да ги почитуваат советите на наставниците поврзани со оценувањето и учењето;
– да не се служат со недозволени постапки во текот на презентирањето на бараните знаења и вештини и да одбегнуваат да вршат какво било влијание ( непосредно или посредно) со цел некој ученик да се здобие со повисока оценка од реално заслужената;
Службениците во институциите надлежни за Образованието на државно и на локално ниво го прифаќаат: ООУ “Коста Рацин“ Подареш како Училиште по мерка на учениците
– да обезбедуваат навремено подготвување и донесување на квалиетни нормативни акти (закони, правилници, упатства и др.) со кои се регулира оценувањето на напредокот на учениците и да се грижат за нивната доследна примена во практиката;
– навремено и непристрасно да реагираат на приговори, жалби, молби и слично во врска со оценувањето за чие разрешување се надлежни, а кои се поднесени од учениците и нивните родители;
– информациите (резултатите) од оценувањето што им се службено достапни, да не ги користат за ненаменски цели и на начин кои би произвеле негативни последици за учениците или би довеле до несоодветни одлуки во образованието;
– професионалната позиција да не ја користат во приватни цели, поврзани со оценувањето во некое училиште или на некој ученик;
– Поддржано од Државен просветен инспекторат
– Биро за развој на образованието и ЗЕЛС
Појдовни вредности:
- Почитување,
- Демократичност,
- Чесност,
- Праведност,
- Интегритет,
- Храброст
