МИСИЈА И ВИЗИЈА

Мисија на училиштето
Нашето училиште има мисија да даде образование кое ќе обезбеди квалитетна иднина, меѓусебно разбирање и почитување, соработка и прифаќање на различните од нас.

Ние сме училиште кое нуди еднакви можности за учење и напредување на сите ученици и кое ги подготвува учениците со квалитетни и трајни знаења со кои успешно ќе одговорат на предизвиците на 21-от век.


Визија на училиштето
Нашата визија е да бидеме училиште во кое сите ученици ќе доаѓаат со задоволство и желба за нови знаења, во кое ќе ги воспитуваат среќни и задоволни наставници, мотивирани за реализација на современа настава. Преку современа и квалитетна настава до здрави индивидуи кои ги почитуваат различностите!