По повод 6-ти Ноември-Денот на ослободувањето на градот Радовиш, денеска се одржаа натпреварите од турнирот во одбојка помеѓу училиштата од општина Радовиш.
Првото место го освоија девојките од ООУ Коста Рацин од Подареш, втори беа одбојкарките од ООУ Крсте П. Мисирков, а третото место им припадна на одбојкарките на ООУ Никола Карев.
Наградите и признанијата ги додели Градоначалникот Ацо Ристов и Претседателката на Советот Моника Трајанова.





