Општинската организација на Црвен крст Радовиш на ден 26.09.2022 год. (понеделник) ја спроведе првата обука по прва помош од националната кампања по прва помош која ја реализира Црвен крст.
Кампањата се спроведува под мотото “Првата помош спасува живот”, а планирано е истата да опфати ученици од основните и средните училишта на територијата на цела држава.
Првата општинска обука беше спроведена од страна на предавач по прва помош Д-р Стојанче Зафиров во ООУ “Коста Рацин” – с Подареш, со вкупно опфатени 20 ученици.
Останатите предвидени обуки на ООЦК Радовиш планирано е да се спроведат во училиштата во Радовиш и Конче до крајот на годината.

